Водителката на “Брза кујна” Александра со важна информација за гледачите (ФОТО)

Претходната сезона секоја работен ден имавме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија. Водителката Александра Илиева по успешна и работна сезона замина за заслужен одмор.

Откако ги наполни батериите и завршија одморите, водителката повторно започнува со новите новинарски и водителски ангажмани. Имено, започнува новата сезона на „Брза кујна“, а Александра и нејзиниот тим кој го сочинуваат Марк и Никола се враќаат на ТВ екраните.

Водителката сподели фотографии на својот Фејсбук и порача дека стартува новата сезона. Александра на фотографијата е насмеана, а се гледа дека одморот добро и годел, па се враќа со позитивна енергија и освежена.

Инаку, вчера(понеделник) гледачите на ТВ Сител имаа можност да ја гледаат првата есмија од чевтратата сезона на кулинарското шоу.

Извор: Вистина

Поврзани вести