Требаше да се мажам, но после овој сон се двоумам – ми треба совет

Здраво Галама, знам дека не објавувате вакви работи, но ве молам да го објавите мојот сон, зошто многу ќе ми помогнете.

Овој сон што го сонив знам дека има значење, па некој ќе се најде да ми го протолкува. Треба да се мажам наскоро и сигурна сум дека нешто е поврзано со тоа.

Еве го сонот:

Сонував како слонче и верверичка си играат на една височинка, а јас ги гледав одозгора како на филм. Имаше зелена трева ама тие беа на ивица од некаква удолнина, и прво верверичката почна да се лизга и да паѓа во провалијата, но успеа да се задржи на гранче, а слончето тргна по неа, но тоа пропадна во бездната. Се разбудив и веќе не можев да заспијам, затоа го запамтив сонот.

Барав во соновници, но различно значење наоѓам и за слонче и за верверичка. Знам дека нешто значи за мојата свадба. Можеби не треба да се мажам? Може некој од нас ќе пропадне. Ве молам за помош!

Loading...