Свекрвата ми го тепаше синчето а маж ми Едиповецот беше на нејзина страна

Почитувана докторке,

Пред нешто повеќе од две години, јас и мојот сопруг добивме син. Наместо бескрајна среќа и радост, во нашето семејство почна да се случува раздор и тоа благодарение на мојата свекрва!

До тој момент, таа не се мешаше во нашиот живот, додека сега, на секој начин се обидува да влијае на воспитувањето на нашиот син, ги наметнува своите ставови и мислења.

Мене, овој нејзин однос ужасно ми пречи, разговарав со мојот сопруг, но тој напротив, не гледа ништо лошо во тоа!

Ситуацијата постигна колуминација, кога таа, пред нашите очи, го удри нашиот син! И покрај тоа што јас јасно имав речено дека моето дете не смее никој да го допре.

Дури и на овој настан, мојот сопруг остана рамнодушен и се обиде да ја одбрани својата мајка. Сето ова дополнително го расипа нашиот однос.

Почитувана докторке, како да се справам со свекрвата, а да не ги расипам дополнително семејните односи?

Одговор од Д-р Радмила Грујичиќ, психолог и психотерапевт:

Ситуацијата е доста комплицирана, затоа што ако вие како мајка се откажете од родителската улога на која имате природно право, ќе станете незадоволни.

Она што морате да го сфатите е дека вашата улога како мајка и родител е неприкосновена и природно ви припаѓа!

Сопругот оди по линија на помал отпор, како би направил некаков баланс и би го одржал семејниот мир.

Сепак, главниот проблем е меѓу вас и сопругот, бидејќи вие двајца сте заколнати пред законот и пред Бога и сте одговорни за развојот и воспитувањето на вашето дете.

Она што треба да го направите е да поставите јасни и недвосмислени правила и граници и истите да и ги предочите на свекрвата, а вашиот сопруг да застане цврсто позади тој договор!

Тој си мисли дека со неговото немешање и незавземање страна одржува некаков мир, но го постигнува токму спротивното.

Бабите и дедовците мораат да ги поддржат своите деца во нивните позитивни постапки и мораат да сфатат, дека нивната помош треба да ја дадат само и само кога тоа од нив ќе го побараат родителите на нивното внуче.

Почитувана, не сте сами, овие проблеми се случуваат во речиси секое второ семејство, морате да издржите, да покажете карактер, притоа да не влегувате во жолчни вербални расправии.

Loading...