Судниот ден сè поблиску: Во Ерусалим се роди црвено теле, следните седум години клучни за човештвото

Институтот во Ерусалим кој е посветен на Светиот храм објави дека на свет дошла совршено црвена јуница. Тоа е прва таква во Светата Земја во последните 2.000 години.

Раѓањето на црвеното теле е многу важен елемент во библиското пророштво и во тој Институт веруваат дека тоа е знал за второто доаѓање на Исус Христос и Судниот ден.

Според Библијата, тоа значи дека Евреите по 2.000 години ќе се вратат во Израел. Светиот храм повторно ќе биде изграден, милјарди луѓе ќе исчезнат од земјата во текот на наредните 7 години поради природни катастрофи.

Антихристот ќе стане и ќе завладее со светот, а битката Армагедон ќе почне во близина на Израел. Исус ќе се врати да ја уништи сатаната и потоа ќе раководи со судниот ден.

Иако „совршено“ црвена јуница се смета за аномалија многумина во Израел безуспешно се обидувале да ја одгледуваат.

Совршената јуница мора да биде со црвена боја, влакното да и биде целосно рамно и не смее да има повеќе од три бели или црни влакна на телото. Институтот на 28. август на ЈуТјуб објави видео и објави дека „совршена црвена јуница е родена во Израел“.

Таа ги помина строгите тестови за да се потврди дали ги задоволува сите критериуми од Библијата. Таа ќе биде под будното око на стручњаците кои ќе го следат нејзиниот раст и евентуалните промени кои би можеле да се случат.

Поврзани вести