Ставете го ова цвеќе во вашиот дом: Носи пари и штити од зло

Божурот е растение кое секоја жена треба да го има во домот и тоа поради многу причини. Тоа е цвет кој има опоен мирис и одамна ги краси дворовите и домовите, а крие многу благодети.

Божурот е навистина прекрасна цветна билка. Во народните верувања се смета дека домот го чува од негативна енергија.

Меѓутоа, оваа раскошна билка може да се користи и за лекување. Се користат коренот и семето кое се собира во есен.

Семето се толчи или меле за да се добие прав. Се зема трипати дневно на врв од ножот, помешано со чаша вода: за лекување на слабост, несвестица, вртоглавица, болки во градите, засипнатост, нервно растројство и анксиозност.

На ист начин, се толчи или меле коренот, па кога ќе се помеша со малку вино се користи за лекување на несоница, нервоза и други нервни пореметувања.

Со божурот се лекуваат и површински чиреви и гнојни рани, кои се испираат во одвар од 100 грама корен на 1 литар вода, а потоа се поросуваат со корен во прав.

Напомена: треба да бидете внимателни да не се претера со орално консумирање на божурот, бидејќи може да предизвика нагон за повраќање.

Името Божур потекнува од кинескиот збор „sho yu” што значи најубав. Во Кина е симбол за богатството, веројатно поради неговата црвена боја, и заедно со цветот е традиционален симбол на таа земја.

Ја симболизира убавината и романтиката, среќен брак и среќа. Букетот од Божур се смета за предзнак на среќа. Затоа ова растение често се користи за свадби.

Се смета за билка која го чисти и штити телото, како и духот и која носи благосостојба. Помага и за одбивање на негативната енергија и магиите.

Исто така, Божурот се смета за симбол на убавината.

Па, побрзајте и ставете еден ваков букет во вазна. Ќе ви го направи домот среќно место за живеење.

Поради опојниот, сладок мирис и прекрасните латици нанижани во слоеви, божурот со векови е едно од најомилените цвеќиња за во домот. Без разлика дали се свежи цветови или е само дел од мотивот на постелнина или садовите за готвење, божурот дава нота на софистицираност во секој ентериер.

Божурите цветаат во мај и јуни, а набрани, тие можат да траат и до 5 дена – сè што треба да направите е да им ја менувате водата.

Доколку ги купувате, во тој случај гледајте да бидат во пупка. Штом ги ставите во вазна, додајте малку средство за одржување на трајноста на цвеќињата во млака вода, а по еден до два часа преместете ги на постудено место.

Божурот е симбол на женственоста и нежноста без разлика во која боја доаѓа. Има 4 нијанси на божур: нежно розови, бели, жолти и вино боја. Марко Поло во една прилика ги опишал како рози со структура на зелка, што е прилично точен опис, со тоа што отворањето на нежните ливчиња е еден од најубавите призори кои можете да ги видите.

Овој неверојатно фотогеничен цвет потекнува од Азија, од каде што со текот на годините е донесен и на европско и американско тло, во друштво со шипката, камелијата, хризантемата, азалијата и магнолијата. Токму поради својата раскошност и импозантната големина на цветот, ние се радуваме на нивната сезона кога можеме да уживаме во нивниот изглед, како и во опојниот мирис кој го испуштаат.

Кинезите со векови го вметнувале божурот во секој облик на уметноста, опишувајќи го како симбол на мирот, стабилноста и здравјето, а уште од 7.век тој е познат и како носител на добра среќа. Сликите со божур најчесто се подаруваат и користат во ентериерот како талисман за успех и општа благосостојба.

Друго кинеско верување го опишува божурот како цвет кој позитивно влијае врз хармоничниот живот на партнерите. Белите божури ги симболизираат младите девојки и се сметаат за симбол на нивните мисли, но и нивната убавина.

Освен што опојно мириса и раскошно изгледа, божурот поседува и лековити својства. Тој позитивно делува на нервниот систем, го подобрува помнењето, го намалува нивото на холестерол во организмот и позитивно делува на работата на црниот дроб.