Се огласи Гиш околу реакциите за референдумската песна

Деновиве се дигна огромна полемика во јавноста, околу тоа колку е морално Сачо Гигов Гиш, да учествува во спотот за подршка на референдумот, со оглед на неговото минато и тврдите ставови околу името на нашата држава. Познатиот уметник учествуваше во речиси сите поголеми кампањи на претходната владејачка гарнитура, а сега прифати да пее за европска Македонија.

Во изјава за Независен Гиш вели:

Loading...

“- Ми се јави мојот драг пријател, пејачот Арбен – Бени Шаќири и ме праша дали сакам да учествувам во спотот. Ми ја пушти песната. Ми се допадна и прифатив. Како секој нормален човек, иднината на Македонија ја гледам во Европа. Нема никаква политичка заднина, туку во прашање е здравиот разум. Тоа е мојот личен избор и перцепција, ни изјави Гиш.

Гиш, кој е новинар-уредник на ноќната програма во Македонското радио, ги покажа своите вокални способности со песната „Самовилска свадба“, која за влакно не беше избрана за песна за „Евровизија“ во далечната 1998 година, туку во Бирмингем, Англија отпатува „Не зори зоро“ на Владо Јаневски. Претходно својата популарност Гиш ја достигна со песната „Моја гитаро“ од 1992 испеана на „Макфест“, која стана голем хит.”

Целиот текст прочитајте го на Независен