По драмата која и се случи, Наташа Беквалац ги разреши дилемите дали ќе се мажи по четврти пат

По животната драма која ја преживеа познатата српска пејачка Наташа Беквалац донесе одлука која ги изненади фановите. Иако пејачката не бега од љубовта, таа вели дека сосема сигурно една работа повеќе во животот повторно никогаш нема да ја направи.

-Повеќе никогаш нема да бидам нечија жена официјално, сега воопшто не размислувам на тоа. Мајка сум на две девојчиња кои сум сама ги воспитувам и одгледувам, а во музиката сум професионалец. Околу овие две улоги имам многу работа. Верувам дека Бог има интересни планови за мојата иднина и подготвена сум за тоа, изјави за српските медиуми Беквалац.

Инаку на социјалните мрежи се појавија и многу коментари каде фановите се шегуваат со пејачката дека ќе се откажат од неа доколку повторно не се омажи и сруши рекорд, според други овие шеги се навистина сурови…