Пејачката Росана отворено за својата сестра Маријана која живее во Австралија

Како деца ќе излезевме пред зграда да си играме. Маријна секогаш ќе излезеше прва, ќе се искараше со некое другарче, ќе го натепаше и ќе избегаше дома. Во меѓувреме, ќе излезев јас и ни крива ни должна ќе добиев ќотек, зашто децата мислеа дека сум Маријана.

За сестрата близначка, Маријана, вели дека тие две се една душа во две тела. За нивните големи хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ народот одлучи да станат евергрини.

Со својот вокал, харизматична појава, песните и скромноста, Росана Сариќ- Тодоровска важи за една од омилените фолк и поп пејачки кај публиката за сите времиња.

Сестра и Маријана долги години живее во Австралија, а Росана со својата музичка кариера продолжи сама, се до пред неколку години кога реши да се повлече, најмногу поради како што вели неправдите на фестивалите. Купувачите прво со неверување реагираа, а потоа ја охрабрија на нејзината нова работа, во една од продавниците на фирмата „Стружанка“ во центарот на Скопје.

Како од сцената со публиката, така и во продавницата со купувачите, Росана им возвраќаше со љубезност и со насмевка. Сега од текстилната индустрија се префрли во издавачка куќа, и вели дека е среќна на новото работно место, во книжара на „Култура“. Росана е радосна што таа и сопругот, актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче добија уште еден член во семеьството, зетот за ќерката Ивана, Џејмс, кој е Англичанец и ги вика мама и тато.

Целото интервју прочитајте го на Женски Магазин

Loading...