Нападната куќата на Цеца – пејачката преплашена во полиција

Непознати лица во 6 часот и 45 минути ја нападнале куќата на Цеца, односно се обиделе да упаднат со мини купер, а таа за српски Курир вели очекува брза реакција на полицијата.

– Ова е вандалски чин, полицијата има снимки и очекувам апсење денеска, вели пејачката.

Напаѓачите удирале со автомобилот во портата на Цеца, па побегнале. Се работи за три возила кои се обиделе да ја скршат портата, но не успеале.

Животот на најголемата естрадна пејачка, Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиното семејство отсекогаш било мета на јавноста, а луксузот во кој живеат го откриваат преку фотографиите на социјалните мрежи.

Вратата на луксузната вила на Дедиње никогаш не била отворена за медиумите, но обожавателие на пејачката отсекогаш сакале желба да влезат во нејзиниот ентериер.

Како во една прилика кажа Цеца, дури ѝ понудиле нејзината куќа да стане туристичко место, на што тие, се разбира, никогаш не се согласиле.

Луксузот во кој уживаат, никогаш не се фалеле, но секогаш воделе сметка да свети нивниот дом.

Нивната куќа има неколку катови, мермерни скали, декоративен бакарен ѕид и големи столбови од мермер. Но, тука е и каминот кој на сите им го привлекува вниманието.

Пејачката отсекогаш се грижеше за деталите, па декоративните свеќи, рамки и други работи се изработени со многу стил.