Надица од Скопје: Ќе биде добро ако не стигнам во Бардовци со тројцава мои мажи дома

Стануваш секој ден во 05:00, (слободно можеш да одиш на тараса да им свирнеш на петлите да се разбудат), до 7 саат се уморуваш како компири да си копал цел ден (спремаш доручек, спремаш маж, спремаш деца, се спремаш самата). Искачаш во 7.00…до 07 и 30 се чувствуваш како дечкине што расфрлаат весници по куќи ( еден оставаш во градинка, друг во школо, трет на работа) идеш на работа.

До 16 часот хард воркинг, хард воркинг… идеш после собираш назат се што сабалје си остаил по градинка и школо…доаѓаш дома, таман си се наведнал кондурите да ги соблечеш слушаша -“мамоооо ми се јаде”, влегуваш дома и што да видиш -е дна чорапа на фотеља, друга на лустер, една пижама на стол, друга на фриждер оти насабаље експреано се спремаш како во војска да си , у тој момент гледаш цела кутија со играчки ја превртуваат наопачки за да нашле едно мало “брмче”….и пред да те удри срце си викаш-“мирна надоооо, мирнаааа”.

На мени за ручек риба, компир и супа… Таман почнуваш да правиш ручекот да не заборавам да кажам дека уште не пресоблечен, неизмочан, неодморен, едниот ти вика не сакал риба сакал пржини колбасици, другиот сакал пржени компири со сирење а најголемиот (маж ми) една риба во релна а една да се испржела да не не му стасало.

И од 5 до 8 се занимаваш со ручек и тоа уште не пресоблечен од работа 😂😂…миеш садови и гледаш дека имаш 5 минуи луфта и си викаш ЈЕСССССС конечно ќе одам до тоалет…таман седнуваш на шоља со чувство како на кралски стол да си седнал оти обавези со деца со куќа па немаш време, слушаша тропа на врата -“мамооооо, ѕеееееее”…..ооооооуиуууу шеттт!!!! И упаѓа како терориста во купатило седнува пред тебе и те гледа право во очи и те прашува -“ТО ПАИШ МАМА??”..-“КРЕЧАМ ЕБАГО, ШТО ПРААМ….

До 21 пишуваш домашно, си играш жмурка, на буквата на буквата…
И кога дошло беќе 21 и 30 подмочнуваш од радост зш им дошло време за спиење, и конечно ќе имаш време за себе и за одмор…

Ги успиваш…идеш седнуваш на тросед, една нига ставаш на маса една на фотеља, и конечно викаш -“имало господ и за мене”..ммижиш и пиеш кафе и чиниш у рајот на гости си отишол дека мир и тишина…

И одеднаш слушаш нешто шушка…собираш нозе, и ќутиш…слушаш пак шушка…се покриваш со ќебе само очите да ти се гледаат, и пазиш некој сенка се движи од спална, и прбо што ти паша на ум дека куќата е проклета има духови, врагови, вампири, аждаји и у истиот момент си гго слушаш како ти чука срцето….и пред да помислиш дека срце ќе те акне, гледаш на врата мало дете во бело, главата како кошница му е од што се бушавело, му светат очите…гледаш и не веруваш на глетката, гледаш и ти се плаче.

Те гледа право во очи и ти вика -“мамооо ја танаввв(станав). И едвај се воздржуваш да не заплачеш..а ти се плаче ти се рика. И после ти чудат како ноќе морно си спиел, како ќе си легнел, така ќе си станел. Абре не спијам абре сум се онесвестила од замор бре….

Статус на Наде Т. Надица