Ќерко, ако го читаш ова писмо, значи оперативниот заафат не поминал добро, те сакам и сакам да бидеш среќна

Хана Самерс има 18 години. Штотуку тргнала на факултет, а веќе останала без својата мајка. Минатото лето, Маргарет починала од рак на бубрезите, а пред тоа оставила по едно писмо за Хана и нејзините браќа и сестри.

Вака гласи писмото со кое Хана го трогна светот споделувајќи го на Твитер

– Ако го читаш ова писмо, операцијата не помина добро. Жал ми е, дадов се од себе да ја победам оваа страшна болест, но изгледа Бог имал други планови за мене. Те молам, немој да се лутиш, во животот се случуваат многу лоши работи, а сите ние мораме да се носиме со нив, без разлика како се чувствуваме.

Сакам да бидеш среќна и да ги користиш сите таленти и дарови кои ти ги дал Бог. Ќе бидеш прекрасна медицинска сестра, како што си и прекрасна личност. Биди вредна на факултет, немој сега да се грижиш за вработување. Доколку навистина сакаш некоја летна работа, во ред, но концентрирај се на образованието. Биди трпелива со тато, ова ќе му падне тешко и ќе треба време да закрепне.

Морате да се потпрете еден на друг и многу да разговарате, нешто во што ни двајцата не сте добри, но не се откажувај. Не заборавај дека има многу луѓе кои те сакаат и на кои секогаш можеш да им се обратиш. Користи здрав разум во сите одлуки, никогаш не оди сама на непознати места и секогаш имај неопходни работи во колата и слично.

Гледај да ги избегнуваш забавите, не се сите момци лоши, но повеќето ќе ти кажуваат сешто само да те одвлечкаат во кревет. Дружи се исклучиво со луѓе кои ги делат твоите интереси и вредности. Не заборавај дека секогаш ќе бидам покрај тебе и дека секогаш бев горда на тебе. Сочувај го Бог во животот и никогаш немој да се срамиш да кажеш дека си верник. Ако еден ден имаш деца, пренеси им колку ги сакам и колку ми е жал што никогаш не сум ги видела.

Знам дека ќе поминеш сјајно во животот, а јас ќе те гледам и ќе се смешкам. Благодарна сум на бог што ни ја даде оваа година за нас во која се зближивме повеќе од било кога. Чувај ги сеќавањата и секогаш кажувај им “Те сакам” на луѓето што ги сакаш. Уживај во секој ден во животот како да ти е последен затоа што никој од нас не знае дали можеби и навистина е последен. И најважно од се, не заборавај дека те сакам повеќе од што некогаш ќе можеш да сфатиш.

Мама