Ќе ве распаче: Првиот свадбен танц невестата не го одиграла со својот сопруг, еве зошто!

Грета на 10 октомври лани, после четири години врска со Тони, застана пред олтар. Целата церемонија била прекрасна и дирлива, но она што сите гости ги оставило со солзи во ичите е нејзиниот прв танц. Наместо со младоженецот, или со својот татко, невестата одлучила да игра со човекот кој и го спасил животот.

Грета имала 16 години кога и била дијагностицирана леукемија. Ја ставиле на листа на чекање за трансплантација на коскена срж, но нејзината здравствена ситуација за брзо се влошила и веќе година дена подоцна и било многу лошо.

Меѓутоа тогаш се појавил Дени Даниелс, човек кој решил да ја донира својата коскена срж. Грета и Дени никогаш пред тоа не се виделе, не се познавале и тој воопшто немал причина да поминува низ една тешка и болна процедура за вадење на сржта. Но, тој и неговата сопруга неодамна изгубиле детеи затоа решиле да донираат за да помогнат.

Грета вели дека не знае дали неогаш ќе може да им се одолжи, но сепак реши првиот свабен танц да го оигра баш со него. Иако е обичај тоа да биде со сопругот или со таткото, оваа млада решила тоа да биде човекот кој и го спасил животот.

Грета за време на танцот цело време плакала, а и Дени признава дека му било многу тешко за да не заплаче и тој.