“Ќе ми пукне душата” – Тијана Дапчевиќ направи пародија на Сергеј Варошлија

Постојано е на релација Белград – Скопје, a може да ја видиме во улога на водителка, актерка, пејачка. По завршувањето на летото, Тијана Дапчевиќ започна со своите обврски и ангажмани.

Неодамна, таа снимаше спот за песната „Километри“ од Влатко Лозановски која таа ја препеа на српски јазик. Тијана периодов ќе биде во Македонија поради снимањата на третата сезона на „Преспав“.

loading...

Пејачката беше гостинка во емисијата „Екслузив“ каде што зборуваше за своите нови активности во следниот период.

Во емисијата Дапчевиќ имаше задача да имитира јавни личности и нејзини колеги и колешки, а меѓу Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, меѓутоа и модниот критачар Сергеј Варошлија.

Како се снајде Дапчевиќ во улога на нејзините пријатели и соработници погледнете во видеото на 6: 35.

loading...