Изненадување од Тамара: Во седми месец од бременоста се слече и граадите ги покри само со раце (ФОТО)

Тамара Тодевска кон крајот на оваа 2018 година на свет ќе го донесе своето второ дете кое е машко, а ќе го носи името Дарен. Иако е во седмиот месец од бременоста, пејачката е доста активна, како професионално така и приватно.

Неодамна по подолга пауза ја издаде својата нова песна и спот насловена „Довидување таго“, а по тој повод беше гостинка во музичката емисија на Македонската телевизија „Стисни плеј“ каде освен што откри детали за песната, кажа нешто повеќе и за бременоста, односно дека понекогаш заборава дека во стомакот има бебе, па дури знае да скока на сцената.

Кога беше бремена со Хана, мама Тамара исто така беше активна трудница, но со Дарен ни се чини дека некако е пофлексибилна и изгледа одлично. Пред вратите на МТВ позираше во модерен урбан стајлинг сочионет од здолниште со принт од точки и едноставна црна маичка на која пишува „Weird“.

Мора да се признае дека тешко кој би кажал дека е скоро влезена во седмиот месец од бременоста. Не за џабе рекле дека блажената состојба кај жените е еден од најубавиот период од животот, а кај Тамара тоа и како се гледа.

Извор: Вистина

Поврзани вести