Еден прекрасен сопруг објаснува: Зошто го сакам телото на сопругата по породувањето

Еден татко и сопруг напишал отворено писмо кое ги воодушеви жените ширум светот, после кое многу мажи останале засрамени…

Писателот и новинар Брет Ортел напишал колумна за страницата “Fatherly” која ги воодушевила скоро сите жени, а мажите ги тера на размислување.

“Што сум и кажал на својата жена за тоа како нејзиното тело се променило после породувањето? Апсолутно ништо.

Познато е дека бременоста не се случува сама по себе, така што јас сум директно одговорен за промените кои на неа и се случиле. Со други зборови, го добив точно она за кое и потпишав.

Кога сте кажале “Ајде да имаме дете”, можеби сте го замислувале својот наследник како прв чекори на Марс и открива лек за рак. Но исто така и сте кажале: “Еј драга, сакам да го носиш моето дете девет месеци. Тој процес драматично ќе го промени нивото на твојот науротрансмитер и ќе доведе до големи и трајни промени на твојот им и личност, а да не ги спомнуваме неизбежните промени на твоето тело. Исто така ќе станеш и диспанзер на млеко и ќе се здебелиш.”

Се разбира, колку повеќе бремености партнерката мора да издржи, толку работите се потешки. Ние имаме две деца, но мојата жена беше трудна четри пати. Тоа е вкупно 26 месеци, две години во мачнини и чудни потреби, доење и лузна од царски рез.

Да разјасниме нешто. Да, телото на мојата сопруга се промени после породувањето. И, што тогаш? Ма какви промени, таа сеуште е онаа истата, лесно возбудлива, црвенокоса како што и секогаш беше!

И моето тело се промени. Кога се венчавме имав 27 години. Дигав тегови, трчав и тогаш уште имав сензибилитет за борење, со кое се занимавав некое време. Единствено нешто што денес кревам е мојата ќерка, во дневната соба кога си играме авиони.

Моето трчање се сведува на бркање на нашето три-годишно дете, додека се преправам дека сум чудовиште од цртаните. Најголем противник со кој денеска се борам е одлуката дали да изедам три или шест парчиња пица. Самата идеја за осудување на телото на мојата жена е толку многу одвратна, себична и избрзана.

Размислете за тоа на овој начин: Да еден од вашите пријатели од фудбал се повреди и со месеци отиде на боледување за кое време тој ја зглемува својата телсна тежина и на крај мора да иде на опасна абдоменална операција, гарантирам дека вие никогаш нема да размилувате за неговите стомачни мускули, лузни и слаби мускули. Туку ќе му честитате и ќе му кажете: Фраеру, преживеа!

Разликата во тоа сценарио и бременоста е во тоа што вашата партнерка покрај сите чудесни работи, кои и се случуваат, на свет ќе донесе едно ново човечко суштество. И тоа не било какво суштество – тоа ќе биде вашето дете. И тоа дете е дел од вашето семејство.

Го сакам телото на мојата жена после породувањето зашто секој пат кога ќе го погледнам во него го гледам своето семејство, а моето семејство е она за кое вреди да се живее секој ден. И затоа што, без разлика на се што до сега криев, таа сеуште сака да спие со мене”

Извор: Лејди