Девојките денес скапо се продаваат, за еден ден да се омажат за богаташ

Знаете што? Многу сум разочаран а може и малку поднапиен, ама тоа не значи дека лажам или дека нешто измислувам. Причината поради која се обратив вечерва до вашиот медиум, е за да ги разоткријам некои од девојките кои важат за “кралици” во Скопје, а некои од нив ми се другарки.

Сигурно знаете дека постои паралелна проституција на “висока нога” која не се одвива по улиците на градот, туку е застапена во “високите” кругови на моќта и парите. Девојките се привлечени од ова зло, како опиени, без памет и слепи. А да ги видиш, кукли, убави, згодни. Свесни за својата убавина, гордо чекорат како амазонки ловци по својот плен, ловци по пари и моќ. Има такви кои сакаат кариера, но повеќето сакаат богато да се омажат и да живеат во раскош.

Имав една другарка од средно, се дружевме долги години. Таа ми раскажа за оваа организација во која влегуваш доброволно, преку пријатели. Родителите и беа разведени, а живееше со мајка и’ и сестра и’. Имаше пријател за кој подоцна ми призна дека е нејзин макро, кој ги договара средбите.

“Најчесто тоа се деловни вечери кои завршуваат со се.с. Девојката е интелигентна, убава и згодна. Но нејзината памет не е предуслов за да се занимава со тоа. Добро се заработува. Се облака во скапи брендови, живее далечен свет, другите ги гледа од високо…”

Ова ми го раскажа една вечер кога расплакана ми се јави и бараше да дојде кај мене да преспие. Беше со раскрвавена уста и целата во модринки. Муштеријата се нашмркал ко.аин, бил нервозен и ја претепал. Оттогаш, секогаш кога носеше кошула со долги ракави знаев дека е тепана.

Потоа ја вработија во голема компанија со висока плата. Компанијата имаше соработка со Грци, таму таа се запозна со богат Грк, за кратко на сите ни соопшти дека се мажи и заминува за Грција. Таму роди деца, живее на остров, во раскош, се надевам дека сонот и се оствари.

Другарка ми е редок примерок за остварен сон, но не е единствен. Познавам повеќе девојки кои имаа среќа да пронајдат некој странец и богато да се омажат. Некои од нив се мажат за двојно и тројно постари мажи. Велат дека се среќни оти тоа била нивната цел во животот. Успеале.

Ама има и такви кои не успеваат. Завршуваат како мивки, искористени, истрошени, фрлени на подот во некој агол, а на крај во ѓубре. Јас сум разочаран. Не им верувам на девојките. Дури и оние кои не се во “бизнисот”, при запознавањето веднаш те прашуваат што кола возиш, колкава ти е платата, каде живееш, те меркаат од глава до пети. Но не за да видат дали си згоден или дали им се допаѓаш, туку дали си облечен во скапа брендирана облека и каква марка на часовник носиш. За мобилниот па да не зборувам.

И до кога вака? Сега ми е јасна југо-носталгијата… Тоа биле времиња на вистинска љубов, тогаш се раѓале вистински романтични, љубовни песни. Денес може само нешто да сетиме од тоа време кога ги слушаме песните…делува толку нестварно…вистинската љубов!

И.П.

Името и презимето познати на редакцијата. Авторски текст, не смее да се превзема и реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Loading...