Дефинитивно, Сара е копија на својот татко Борис Трајковски (ФОТО)

Сара Трајковска е ќерка на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски кој беше миленик на целата нација. Таа денес живее во Њујорк, а на социјалните мрежи можат да се најдат нејзини фотографии од кои можеме да забележиме дека пораснала во вистинска убавица.

На една од фотографиите Сара седи сериозно, со скрстени раце, а во позадината се гледа фотографија со портрет на нејзиниот татко. На фотографијата таа многу потсетува на својот татко кој трагично не напушти во контроверзната авионска несреќа што се случи на 24 февруари 2004 година,

Инаку, Сара последен пат својот татко го видела непосредно пред тој да замине на кобното патување. Тој бил облечен во бела кошула со вратоврска и седел на масичката и разговарал на телефонот, а таа го гушнала и се поздравила со него.

Тоа се случувало во претседателската вила на Водно, а три дена по несреќата Сара се сетила дека татко и ноќта пред да загине ја читал Библијата. Таа тогаш заплакана дошла кај нејзината мајка и и покажала дека нејзиниот татко таа ноќ го читала шеесет и четвртиот псалм во кој се вели:

Послушај го, Боже, гласот на мојата жалба, чувај ми го животот од страшен непријател. Штити ме од множество лукави, скриј ме од бесот на злодејците, кои ги острат јазиците како мечеви; исфрлаат отровни зборови како стрели за да го ранат потајно невиниот, за да го ранат одненадеж, не плашејќи се од ништо. Подготвени се за пакосно дело, смислувајќи како да постават крадум стапици, и зборуваат: кој ќе нѐ види“.

Нејзината мајка, Вилма Трајковска, подоцна во едно нејзино интервју за медиуми ќе го раскаже сето ова и ќе додаде дека и тогаш и сега не може да поверува во неверојатната коинциденција со напишаното во псалмот со сето она што подоцна ќе се случи во Мостар.