Австралискиот Македонец Дамески ги воодушеви сите, а Џенифер Лопез го обожава (ВИДЕО)

Мајкл Дамески има дваесет и две години и живее во Австралија. Тој се прослави со неговото учество во познатото американско шоу „World of Dance 2018“ чиј продуцент и член на жирито е светски познатата ѕвезда Џенифер Лопез.

Македонецот кој живе во Австралија успеа да влезе во финалето, но при последното рангирање, иамко даде се од себе, остана на второто место, а Првата награда од милион долари заврши кај групата The Lab.

„Многу сум благодарен за ова искуство. Научив многу за себе и за своите способности. Ништо не може да ме запре, ќе продолжам да го правам она што го сакам. Можеби не освоив еден милион долари, но дефинитивно се чувствувам како да освоив еден милион срца.

Тоа ми значи повеќе од сè. Им честитам на финалистите! Сите кои настапуваа во ова финале ја заслужуваа наградата, нема сомнеж во тоа. До следниот пат…“ – напиша тој на Instagram.

Мајкл Дамески е роден на 7-ми ноември 1995 година во Сиднеј од родители Македонци, татко Пеце и мајка Неда Дамески. Уште од рана возраст на шест години учествува во натпревари за танцување без да посетува часови за тоа и се пласира во првите места. во 2008 година има учествувано и на „Златно Славејче“ со песната „Еден Танц“. Мајкл последниве три годни живее во Лос Анџелес, Калифорнија.

Поврзани вести