Александра Пријовиќ во црвено бикини го покажа трудничкиот стомак

Нема човек во Србија, а и пошироко, кој не знае која е Александра Пријовиќ.

Пејачката е популарна и не излегува од медиумите, особено откако и стана снаа на Лепа Брена, а овие денови таа е повторно во центарот на вниманието, бидејќи таа откри дека таа и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ чекаат принова.

Двојката се венча во јуни, а оваапрекрасна вест ја чуваа како тајна дури и од Боба Живојиновиќ, таткото на Филип.

Александра ужива во љубовта со нејзиниот сопруг, љубов која се роди пред две години. И покрај тоа што сега е во брак со еден од најбогатите мажи во Србија, таа продолжува да биде онаа скромна девојка од почетокот на својата кариера.

Нејзините хитови ги знаат речиси сите и каде да се појави прави вистински хаос и атмосфера.
Но, малкумина знаат дека Александра Пријовиќ односно сега госпоѓа Живојиновиќ нема завршено средно образование.

Александра завршила три години од средно образование, а пред три години вети дека ќе го продолжи образованието и ќе го полага матура.

„Многу работам, но наскоро ќе го решам и тоа“, изјави неодамна снаата на Брена.

Секојдневните снимиња, настапи, музички ангажмани не и дозволуваат на пејачката да го заврши образованието. Па, доколку не положи матура, Пријовиќ ќе остане со основно образование.

Српската пејачка Александра Живојиновиќ замина на одмор во Јамајка, од каде испрати фотографија на која е облечена во бикини.

Пејачката која ужива на песочните плажи, за прв пат го откри трудничкиот стомак. Не требаше долго време фотографијата на социјалните мрежи биде преплавена со пофални коментари и лајкови од нејзините обожаватели.

Александра и Филип Живоиновиќ се очекува да станат родители во јануари.

Loading...