Тамара и Катарина за себе велат дека се Супер Мајки (ФОТО)

Во изминатите две години имаше многу шпекулации околу раскинувањето на долгогодишното пријателство меѓу Тамара Тодевска и Катарина Ивановска. Тие во минатото беа неразделни, па одеднаш престанаа да се појавуваат на јавни места заедно. Сето тоа ги подгреа тезите дека не се во добри односи.

Но недоразбирањата очигледно се надминати, па поп-пејачката Тамра Тодевска и моделот Катарина Ивановска кои сега уживаат во дружбата со своите деца, Хана и Вања.

На својот инстаграм профил, Тамара објави заедничка слика од неа и од Катарина со децата како готват под која пишува: Супер мајки.

Хана на Тамара во април наполни две години, а синот на Катарина, Вања, во мај го прослави првиот роденден. На крајот на годината, Тамара и нејзиниот сопруг, Александар Димитровски- Мачка, ќе го добијат второто дете. На интересен начин, повторно на инстаграм, пукајќи сини балони во друштво на целото семејство, Тамара објави дека чекаат син.