Пипи долгиот чорап денес има 58 години, ќе ве изненади нејзиниот изглед (ВИДЕО)

Кога ја добила улогата на Пипи Долгиот Чорап, шведската актерка Ингр Нилсон имала само осум години. Денес има 58 и работи како секретарка.

Филмовите и сериите од 1969 и 1970 година се снимени според книгата на Астрид Линдгрен,а подоцна настанал и анимиран филм „Пипи Долгиот Чорап“.Иако поминале многу години, Ингер Нилсон и денес многумина ја препознаваат, поради карактеристичната насмевка и љубопитниот поглед.

Нилсон и подоцна се појавувала во неколку филмови и серии, се појавила и во популарно шведско реално шоу “Kändisdjungeln”, а минатата година снимила и филм “The Here After”. Денес работи како секретарка во една компанија и среќно е мажена.