Невеста побарала секој гостин на свадбата да донесе по точно определена сума во плик

Сусан од Америка цел живот сонувала за раскошна и гламурозна венчавка, на тропски остров во Венецуела, но за да се реализира нејзиниот сон, секој гостин требало да даде 1.500 долари!

loading...

Повеќето од гостите не се согласиле, па Сусан одлучила да ги прекине сите односи со нив, но и со својот вереник, па наместо тоа, тргнала на пат во Јужна Америка, а своите причини ги објаснила во подолга објава на Фејсбук.

Раскажала дека во својот вереник се заљубила кога имала 14 години, на 18 години веќе се вериле, а набрзо добиле и дете. Со години штеделе за голема венчавка, но не успеале да соберат доволно пари.

“Затоа баравме гостите да ни донираат по 1.500 долари. Нагласивме дека не треба да доаѓаат на венчавката, ако не можат да донесат пари. Тоа е нешто што се случува еднаш во животот. Што се 1.500 долари? Тоа е бројка на домашниот буџет, сум слушнала дека луѓе бараат и многу повеќе”, напишала таа.

Колку и да се трудела тоа да им го објасни на луѓето, изгледа дека на никој не му се допаднала таа идеја.

“Одеднаш сите почнаа да се откажуваат, вклучувајќи ја и мојата кума. Мојата најдобра пријателка од детството. Моето семејство..”, се жалела таа.
Нејзиниот вереник и понатаму сакал да се венча со неа и ѝ предложил раскошната венчавка во Венеција, да ја заменат со поевтина верзија, на пример во Лас Вегас.

“Му се насмеав во лице, а тој беше “мртов” сериозен. Сакаше евтина и бедна венчавка во Вегас. Дали е тој нормален? Како да сум некоја евтина ку*ва. Ѝ се јавив на мојата кума и се изнаплакав, а таа, наместо да покаже емпатија, ми рече дека барам премногу и дека би требало да се држам до буџетот со кој располагаме. Само сакав да бидам Кардашијанка на еден ден. Многу безобразно од неа”, открила таа.

Деверушите и кумата на Сусан, барале да им ги врати парите кои ѝ ги дале, а таа одбила, со изговор дека претрпела голем стрес поради нив. “Пријателски потсетник за вас. Не ме поседувате. Сите вас змии ве исфрлив од својот живот”, заклучила чудната девојка.

loading...