(ФОТО) Јоце Панов пред пет дена се ожени, а вчера сподели со фановите како го поминува медениот месец

Пред  неколку дена македонскиот пејач Јоце Панов стави крај на ергенскиот живот и по 10 годишна врска стапи во брак.

Јоце се ожени со Марина Нацева девојката со која беше 10 години во врска, а сега нивната љубов ја крунисаа со брак.

“Доста е со ергенскиот живот и мене ми дојде време да се врзам, и тоа со онаа која ја засакав уште пред 10 години, за љубовта на мојот живот, за мојата Марина,“ изјави Јоце Панов за “Вечер” .

Свадбата се случи пред неколку дена, а познатиот пар по церемонијата замина на свадбено патување.

Тазе младенците го искористија слободното време и топлите денови, па заминаа на Миконос каде ќе го поминат медениот месец.

Јоце на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и на следбениците им покажа како си поминува.

Loading...