Елена Ристеска замина многу далеку и објави фотка на која мажите не можат да и се изнагледаат

За познатата македонска пејачка Елена Ристеска не требаше да помине многу време за повторно да ги спакува куферите и да замине на нова атрактивна дестинација.

Имено, таа пред само неколку дена се врати од грчкиот остров Миконос, па откако се виде со семсјтвото повторно замина, само овој пат многу подалеку.

Таа преку Инстаграм откри дека отпатува за Америка, односно во Мајами каде веќе ужива на плажа, а тоа го покажа со фотографија на која го „распосла“ згодното и витко тело во бикини.

Спомените од Америка за неа штотуку почнуваат да се создаваат, а што ново ќе покаже оттаму, останува да видиме…

Извор: Вистина