Девојче за роденден доби само кутија со писмо, но плачеше од среќа – причината ќе ве разнежни (ВИДЕО)

Девојчето ја отворила кутијата со возбуда, извлекувајќи од неа изгужвана хартија, а потоа човекот покрај неа вика: „Сакам да го прочиташ ова”.

На дното на кутија имало рамка во која пишувало: „Ќе бидаш посвоена”. Кога го прочитала писмото, девојчето ја совладале емоции и плачела од среќа.

Видеото на нејзиниот Фејсбук беше споделено од нејзината нова мајка Пејџ Зезулка, а за помалку од една недела тоа било прегледано повеќе од шест и пол милиони пати.

-Ова ми е омилено видео кое некогаш сум го споделила. Денес, и’ кажавме на нашата ќерка дека ќе биде посвоена, заедно со нејзиниот брат и сестра. Долго време се молеше да биде посвоена, а на нејзиниот роденден дознавме дека тоа ќе се случи. Совршено, пишува Пејџ под видеото.

Поврзани вести