(ВИДЕО) Капа доле маестро – еве како Џамбо Агушев и го честиташе роденденот на својата сопруга

Познатиот македонски музичар Џамбо Агушев се покажa и како маестрален романтичар кога е во прашање неговата сопруга.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од тоа како Џамбо и приредил роденденско изненадување на својата сакана Асена, која за гестот му се заблагодари јавно на Фејсбук.

Имено, тој освен тортата со свеќички, го декорирал влезниот простор од нивниот дом со црвени ливчиња од ружи, како и балони во форма на срце.

За атмосферата и изненадувањето да биде уште повозбудлива кога таа ќе пристигне дома, тој ги изгасил светлата и запалил многу свеќи.

Еве како изгледаше неговото љубовно изненадување:

Извор: Вистина

Loading...