Хрватска професорка зборува за мастурбацијата како да е купување на леб,

Таа зборува отворено за мастурбација како да е купување на леб, смета дека во 21 век за време на сексуални солисти и ние ќе практикуваме секс се помалку во живо, а се повеќе на Интернет.

Марина Крлежа (40), е дипломиран филолог и писателка, која долги години работела во образованието.

Во февруари 2016 покренува портал за промоција на уривање на табуата и релативизирање на хетеросексуалноста и бисексуалноста.

„Лично јас мастурбирам од четири години, а зад мене се и десет години многу добар сајбер секс. Знаев да имам и до седум „сајбер-оргазми“ на ден, но искуството ми кажува дека мажите практикуваат повеќе од жените. Мастурбацијата на жените е табуирана и тие малку зборуваат за тоа“ – вели бившата професорка..

„Јас работев осум години во основни и средни училишта, комуницирав со други професори и забележав дека воопшто не се дискутира за бисексуалната ориентација. Образованието во нашиот систем е неефикасно, немаме здравствено-сексуално образование.

Децата треба постепено да се воведат во сексуалноста, бидејќи таа е голем дел од нашите животи. Порнографијата им е достапна со еден клик на глувчето, а никој не разговара со нив“ – вели жестоката екс-професорка која го шокираше регионот со своите слободни ставови и но и слободни фотографии на Инстаграм.

Извор: Вистина

Loading...