Зошто лукот треба да се јаде на празен стомак?

Лукот е одличен антиоксидант кој ако се консумира на празен желудник ја зголемува својата ефикасност. Погледнете што се’ лекува…

Научниците потврдија дека консумирањето на лукот на празен желудник ја зголемува неговата ефикасност во смисла на природен антибиотик, бидејќи на тој начин полесно се уништуваат бактериите.

Лукот содржи околу 400 активни состојки, богат е со витамини и минерали како што се: аденозин, алицин, аминокиселини, диетални влакна, растителни масла, витамини А, Б1, Б2, Ц, потоа железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Со редовно консумирање на лукот доаѓа до подобрена снабденост со крв и олеснување на циркулацијата, се намалува високиот крвен притисок и маснотиите во крвта, се подобрува здравјето на срцето, а покрај тоа како одличен антиоксиданс се бори против слободните радикали.

ЛЕКУВА БРАДАВИЦИ

Ако на телото имате брадавица или сличен израсток, на тоа место ставете пресечено чешне лук и затворете го со фластер.

Оставете преку ноќ да делува а постапката повторувајте ја неколку денови додека да отпадне целата брадавица.

Истиот третман можете да го користите и против афти.

​УБЛАЖУВА БОЛКИ ВО УВОТО

Ако ве боли увото, проварете две чешниња лук, па неколку капки накапете во увото.

УБЛАЖУВА РЕВМАТСКИ БОЛКИ

При ревматски болки протријте се со пресечена главица лук на болното место, а болката ќе се намали.

ЛЕКУВА НЕСОНИЦА

Доколку патите од инсомнија, навечер јадете салата која обилува со лук.

ГИ ОПУШТА МУСКУЛИТЕ

Ако ве болат мускулите, јадете лук, бидејќи тој има својство да ги опушта.

Во продолжение прочитајте го и запишете го најпознатиот лек за болки во увото стар 200 години:

 

На наше огромно задовоство, овој лек ни го испрати нашиот редовен читател, Господинот Миленковски, со што ја зголеми колекцијата од народни лекарства.

Еден орев внимателно се отвора на половина, со нож, се вади јатката од едната половина а лушпата се полни со масло.

Внимателно се става на загреана рингла да врие околу 1-2 минути, притоа внимавајќи да не се истури маслото.

Лушпата од оревот ќе испушти јод кој ќе се соедини со маслото а со тоа ќе се зголеми лековитоста на маслото. Се собира со шприц и внимателно се капнува во болното уво.

Болката веднаш се смирува.

 

 

 

Loading...